Побегна затворeник од штипска Ортопедија
– Затвореник од Затвор-Штип утринава во 1.30 часот побегнал од одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничка болница-Штип. Бегството на 48 годишниот осуденик за МИА го потврдува директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.
-Станува збор за 48 годишен пациент на кого требало денеска да му се извади шраф од кукот, во 1.30 часот се јавил дека ќе излезе на воздухот, но пациентот по лифтот излегол од зградата и му се губи трагот, вели Шуманска.
Директорот на Затвор-Штип, Тодоров вели дека станува збор за осуденик кој е повратник,а за издржување на затворската казна има уште една година и пет месеца. За двајцата затворски службеници кои требале да го чуваат во болницата ќе биде покрената дисциплинска постапка и најверојатно ќе бидат суспендирани се до решавањето на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката