Македонија
2. December 2017 - 18:38

Почесно членство на МААА за американскиот амбасадор Џес Бејли

Голем добротворен концерт „Една ноќ во Америка“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари се одржа вчера во новата зграда на Македонската филхармонија, во организација на Македонско – американската алумни асоцијација (МААА).

На концертот беа изведени популарни композиции на американскиот поп и џез од Френк Синатра до Ела Фицџералд.

Американскиот амбасадор Џес Бејли доби почесно членство на МААА за неговиот придонес во подобрување на разбирањето помеѓу народот на Македонија и САД, а годишната награда на МААА ја доби Лела Јаковлеска.

Наградите ги врачи претседателот на МААА Мишо Докмановиќ.