Македонија
23. September 2021 - 16:53

Почина 40-годишен маж: Му се слошило откако му ја ограбиле аптеката

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 22:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Џон Кенеди“ едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.

Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот, 40-годишниот А.С., на кого, според пријавеното, му се слошило. За кратко време со Итна медицинска помош бил однесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар е констатирана смрт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.