Спорт плус
6. March 2024 - 13:49

Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Познатиот македонски билдер Мирко Петровски почина засега непознати причини. 

Тој беше персонален тренер на повеќе познати личности од Македонија и имаше своја теретана.

„Сеуште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе те памтам како добар човек и лојален другар.

Вечна ти слава Мирче мој“, напиша Панчо од ДНК на својот фејсбук профил.