-->
-->
Почина француската глумица Анук Еме
-->
На 93-годишна возраст, денеска во Париз, почина француската глумица Анук Еме. Веста за смртта ја соопшти претставник на агенцијата „Тајмарт“ (TimeArt), а ја потврди нејзината ќерка Мануела Папатакис на Инстаграм.
Анук Еме е позната по улогите во филмот на Клод Лелуш - „Еден маж и една жена“ (1967) и „Долче вита“ (1960) на Федерико Фелини.
Зад себе има 92 филмски и ТВ-проекти, номинација за „Оскар“ за главна женска улога во „Еден маж и една жена“, како и 20-на други одличја и номинации. Последен филм каде што таа глуми е „Најдобрите години од еден живот“ од 2019 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Девет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
-
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје
-
Формирани двојките за осминафиналето на Еуро 2024
-
Страшна несреќа во Русија - Воз излета од шини, најмалку 70 повредени лица | ВИДЕО
-
Обид за државен удар во Боливија - Претседателот тврди дека војската упаднала во претседателската палата
-
Пријави за поплавени подруми, паднати дрвја, оштетени автомобили по невремето во скопско и тетовско
-
РКЕ ќе ја соопшти новата цена на електричната енергија, не се очекуваат ценовни шокови
-
Поплавени патишта во Крива Паланка од Осички мост до Техички преглед и кај село Станци