Македонија
7. February 2025 - 9:05

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.

Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки. Информaцијата ја потврди директорот на Управа за извршување санкции Александар Пандов.

Југ починал дома, на роденден на својата ќерка каде му се слошило и набргу потоа починал.

Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, со тврдење дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Неговото последно јавно излагање беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде отворено зборуваше за тортурата низ која поминал, затворските денови, неговата иделогија..