Почина ќерката на Витни Хјустон по шест месеци борба

Ќерката на Витни Хјустон , Боби Кристина почина во болница, шест месеци откако е пронајдена онесвестена во када во својот дом во Џорџија.
22-годишната пејачка која е најпозната по тоа што е ќерка на Витни Хјустон и раперот Боби Браун, почина опкружена со семејството и пријателите во болница.

Таа беше пронајдена онесвестена во када на 31 јануари и беше ставена во вештачки предизвикана кома од која никогаш не се разбуди.
Пред месец дена нејзината состојба се влоши и беше префрлена во болницата во градот Дулут во сојузната држава Џорџија.
Нејзината мајка почина пред три години, откако беше пронајдена мртва во када во својот дом во Беверли Хилс.

Кристина под слични околности е пронајдена во критична состојба во својот дом во Џорџија.
Нејзината смрт се третира како „обид за убиство“, откако е пронајдена во кадата на својот дом со модрици по телото.
Според наводите на сајтот TMZ, првото лице кое е испитано поради нејзината смрт е нејзиното момче Ник Гордон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
