-->
-->
Почина мајката на сирискиот претседател Асад
-->

Мајката на сирискиот претседател Башар ал-Асад и поранешна прва дама на Сирија, Аниса Махлуф ал-Асад, почина во 86-та година од животот, јавија сириските државни медиуми.
Вдовицата на некогашниот сириски претседател Хафез ал-Асад умре во престолнината Дамаск, јави сириската агенција САНА.
Во текот на целата речиси петгодишна војна во Сирија, како и во времето на владеењето на нејзиниот супруг, таа ретко се појавуваше во јавноста, наведуваат француските медиуми.
Една година по почетокот на конфликтот во Сирија, ЕУ ја вклучи на списокот од повеќе десетици личности, на кој беше вклучен и Башар ал-Асад и другите членови на семејството, на кои им беше замрзнат имотот и им беа забранети патувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
