Почина најголемиот сериски убиец во САД со 93 жртви
Најголемиот сериски убиец во САД почина неколку часа пред Нова година. Осумдесет годишниот Самуел Литл, кој издржуваше три доживотни затворски казни без помилување поради убиство на три жени во 80-те години од минатиот век во Лос Анџелес, почина во затворската болница.
Откако беше затворен, тој призна вкупно 93 убиства. Досега ФБИ можеше да го поврзе со 50 од нив, а истрагата за останатите продолжува.
Пред да ги добие доживотните затворски казни, Литл отслужил уште две до четири години до 1987 година, а потоа 14 месеци до април 2014 година за употреба на оружје и киднапирање.
Подоцна тој призна дека задушил 93 лица во периодот меѓу 1970 и 2005 година, а една од неговите жртви е удавена, што го прави најголемиот сериски убиец во историјата на САД.
Литл напаѓал млади, темнокожи жени. Голем дел од нив биле проститутки или нарко зависници, чии случаи не се објавувале во медиумите, па дури и не биле регистрирани како убиства.
Ново на Сител
-
Против лицата кои го малтретираа кучето Феликс, поднесено е обвинение
-
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
-
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје
-
Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува
-
ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
-
Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено