Живот
9. January 2019 - 9:37

Почина најстарата Американка: Леси Браун живееше 114 години, ова е тајната на нејзината долговечност

Леси Браун од Охајо, стара 114 години, за која се верува дека беше најстаро лице во САД, почина денеска, рече нејзиниот внук Роналд Вилсон.

Леси Браун живеела со ќерката во градот Кливленд Хајтс, а говореше дека е Божја волја тоа што нејзиниот живот бил толку долг, додека пак членовите на нејзиното семејство таквата долговечност ја припишуваа на диетата базирана на сладок компир кон која таа се придружувала.

Браун е родена во 1904 година во Џорџија и пораснала на фарма.

Со семејството се преселила во Кливленд кога имала 18 години, а подоцна на сопругот му родила 5 деца.

Стана најстарата личност во САД откако на 9 мај 2018 година почина 114-годишната Делфина Гибсон од Хантингдон во Пенсилванија, наведува американската агенција.