-->
-->
Почина пејачот Гери Марсден кој ја отпеа химната на Ливерпул
-->
Гери Марсден, пејачот на британскиот бенд „Гери и пејсмејкерс“ чија песна „You’ll never walk alone“ стана химна на фудбалскиот клуб Ливерпул, почина на 78-годишна возраст.
Неговото семејство соопшти дека тој починал во неделата по кратко боледување кое не било поврзано со ковид-19.
Песната „You’ll never walk alone“ најмногу ја прославија навивачите на фудбалскиот клуб Ливерпул, кои ја сметаат како нивна химна. Оваа песна секогаш се слуша на стадионот „Eнфилд“ пред почетокот на натпреварите.
Фудбалскиот клуб Ливерпул објави на социјалните мрежи дека зборовите на Марсден „ќе живеат засекогаш со нас“.
Гери и Пејсмејкери имаа неколку светски турнеи во текот на 60-тите години на минатиот век.
.C.Armenia
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила
-
Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер