Почина пишувачот на лажни вести кој му „овозможи“ победа на Трамп
Водечкиот пишувач на лажни вести на интернет за време на минатогодишната претседателска кампања во САД, Пол Хорнер (38), кој тврдеше дека Доналд Трамп стана американски претседател, благодарение на него, беше пронајден мртов во својот дом на периферија на Феникс, а форензичарите сметаат дека „случајно се предозирал" со лекови.
Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Марикопа, Марк Кејси изјави дека телото на Хорнер е пронајдено во креветот на 18 септември и дека од аутопсијата не се идентификувани никакви знаци на насилство.
Кејси рече дека Хорнер користел прекумерни лекарства кои се издаваат со рецепт со години.
- Доказите од лице место укажуваат дека ова може да биде случајно предозирање, истакна Кејси.
Хорнер беше познат по тоа што пишуваше лажни приказни и ширеше измама преку Интернет, кои честопати стануваа популарни на Фејсбук и со тоа успеваше да измами илјадници луѓе.
Една од лажните приказни беше и тврдењето дека, претседателот Барак Обама е геј и радикален муслиман, и дека на демонстрантите и се даваат илјада долари за да протестираат на митинзите на Трамп.
Хорнер, во минатогодишниот интервју за Вашингтон пост, изјави дека мисли дека Трамп влегол во Белата куќа благодарение на него, бидејќи поддржувачите на републиканците не ги проверувале сториите што ги пишувал пред да ги шират понатаму на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ