-->
-->
Почина поп кралицата Арета Френклин
-->

Арета Френклин, kралицата на соул музиката, почина денеска на 77-годишна возраст. Таа за последен пат настапи во ноември минатата година за основањето на фондацијата на Елтон Џон за борба против СИДА во Њујорк. Пред тоа, таа пееше во Филаделфија во август.
Таа е првата жена која е вклучена во Рокенрол салата на славните во 1987 година. За време на нејзината долгогодишна кариера, Френклин освои 18 Греми награди, вклучувајќи и една за животно достигнувања.
Меѓу многуте хитови на Арета Френклин, се истакнуваат (You Make Me Feel Like) A Natural Woman (1968), Day Dreaming (1972), Jump To It (1982), Freeway of Love (1985) и A Rose Is Still A Rose (1998).
Во 2005 година, претседателот Џорџ Буш и го додели Претседателскиот медал за слобода, највисока американска граѓанска награда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
