Почина познат македонски писател

Во Кичево вчера ненадејно почина писателот Стојмир Симјановски, соопшти Друштвото на писателите на Македонија, каде што Симјановски членувал од 1975 година.
Симјановски е роден во кичевското село Иваничишта во 1937 година. Беше дипломиран филолог, работеше во Дирекцијата за иселеништво на Република Македонија.
- Како раскажувач, романсиер, драмски автор и фељтонист Стојмир Симјановски зад себе остави богат опус од 32 книги. Меѓу позначајните наслови во неговото творештво се романите „Вратата на сонот“, „Двојната Ева“, „Црвени утра“, и збирката раскази „Чесно дрво“. Беше автор и на дела од областа на научната фантастика со кои во македонската литература потполни евидентна празнина. Добитник е на наградата „11 Септември“ на град Кичево, соопшти ДПМ.
Посмртните останки на Симјановски ќе бидат погребани денеска во 12 часот на градските гробишта во Кичево.
Ново на Сител
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
