Почина познатиот американски актер

Американскиот актер Мартин Ландау, добитник на „Оскар" за споредна машка улога во филмот „Ед Вуд“, почина на 89-годишна возраст во болница во Лос Анџелес по „неочекувани компликации", соопшти неговиот портпарол.
Засега не се прецизира какви точно здравствени проблеми имал глумецот, инаку роден њујорчанец.
Ландау го доби „Оскарот" за филмот „Ед Вуд“ од 1994., за толкувањето на ликот на Бела Лугоши, глумец со унгарско потекло, кој глумеше во низа хорор филмови, меѓу кои и „Грофот Дракула“.
Првите повпечатливи улоги, Ландау ги имаше во ТВ сериите „Недопирливите“ и „Невозможна мисија“, за која доби два „Златни глобуса". Тој има и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Тој ја одбил ролјата на Спок во култната „Ѕвездени патеки", што можеше да му донесе уште поголема слава.
- Толкувањето „лик без емоции“ би ме полудело. Ќе требаше да ми направат лоботомија, прокоментира Ландау во една прилика по тој повод.
Тој има вкупно три номинации за „Оскар“ - за филмот на Франсис Форд Копола од 1988, „Сонот на Такер", за „Злосторства и престапи“ на Вуди Ален (1989) и за „Ед Вуд“ за кој и ја доби најпрестижната златна статуетка.
Ландау беше оженет за актерката Барбара Бејн, со која имаа две ќерки.
Ново на Сител
-

Форбс: Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата
-

Македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа, бележат рекордни 31 отсто раст во патничкиот сообраќај за првите 5 месеци
-

Барселона фаворит за потписот на Камбијасо
-

ЕУ: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво во Европа
-

Фицо: Изјавата на Маѓар дека Унгарија граничи со самата себе само ја зголемува напнатоста
-

При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци
-

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
-

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
