-->
-->
Почина познатиот македонски пејач Александар Сарев
-->
Познатиот македонски пејач кој прв ја испеа легендарната песна „Каде сте Македончиња“, Александар Сарев почина вчера во Скопје на 86 годишна возраст, информира неговото семејство.
Александар Сарев е роден на 20-ти февруари 1936 година. Во богатата своја музичка кариера, најпознат беше откако во 1987 година на Фолк фест Валандово, за првпат ја изведе антологиската музичка тема „Каде сте Македончиња“.
За оваа изведба на Сарев, креаторот на песната Бранко Ѓоргиевски – Кецовски во една своја изјава ќе рече:
– Изборот за изведба на песната падна на веќе реномираниот и искусен пејач Александар Сарев, кој песната ја отпеа маестрално и многу, многу трогателно.
Погребот на Сарев ќе се одржи денеска во 13 часот на гробиштата во Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците