Балкан
4. September 2018 - 8:43

Почина познатиот српски академик Владета Јеротиќ

Српскиот академик Владета Јеротиќ почина утрово во Белград во својата 95. година од животот.

Владета Јеротиќ е српски лекар, психијатар, писател, академик, роден на 2. август 1924 година во Белград каде завршил гимназија и Медицински факултет. Специјализирал неуропсихијатрија, а во Швајцарија, Германија и Франција психотерапија.

Работел повеќе децении како шеф на Психотерапевтско одделение на болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“. Од 1985 година како професор предавал Пастирска психологија и медицина на Богословскиот факултет во Белград.

Јеротиќ разви обемна и плодна публицистичка дејност од граничните области на религијата и психотерапијата и филозофијата и психијатријата. Исто така држеше предавањаод психијатрија, религија и книжевност во речиси сите поголеми градови во Југославија.

Од 1984 година Владета Јеротич беше член на Здружението на писатели на Србија, а и редовен член на Медицинската академија и Српската академија на науките и уметностите.