-->
-->
Почина средношколецот кој беше прегазен на штипскиот булевар Гоце Делчев
-->
Почина 15-годишниот средношколец Мустафа Седат, кој пред 12 дена беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот “Гоце Делчев” во Штип.
Директорот на СОУ „Коле Нехтенин” Дејан Павлов за МИА потврдува дека 15-годишното момче синоќа во Клиничкиот центар во Скопје по неколкуте операции на главата и на градите починал. Посмртните останки на Седат ќе бидат погребани на гробиштата во село Радање во Општина Карбинци.
Надлежните од Основното јавно обвинителство информираат дека ќе го чекаат извештајот на лекарите и вештачењето од сообраќајната несреќа, по што ќе се комплетира предметот против 68-годишниот возач, кој на преминот не застанал, го удрил момчето и по булеварот го влечел околу 15 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа