Балкан
17. January 2019 - 14:20

Почина уште еден бард на српското глумиште

Познатиот актер Миодраг Радовановиќ почина, во 90. година во Белград по кратко боледување.

Познат и под прекарот Мргуд, оствари цела низа улоги на сцената на Југословенското драмско позориште, чиј член беше од основањето, а на филм и на телевизија имаше 154 улоги.

Го проалсви улогата на Шицер во серијата „Чифлиг во Малиот Рид“, кој режисерот Бранко Бауер му ја даде уште на снимањето на серијата „Димитрије Туцовиќ“.

„Ми пријде тогаш и ме праша: 'Радовановиќ, дали сакате во една ТВ серија која ја режирам да играте Германец?' Веднаш го добив текстот на Диклиќ, кој многу ми се допадна, и прифатив без двоумење да го играм тој негативец“, раскажа Радовановиќ.

Актерот ќе биде погребан во вторник на 22 јануари во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта, а комеморацијата е истиот ден во ЈДП во 12 часот.