Македонија
20. August 2021 - 11:50

Почина велешанец откако со возилото излетал од патот

Почина 57-годишен велешанец откако со автомобил марка „Поло“ излетал од патот.

- На 19.08.2021 околу 23.30 часот на регионалниот пат Градско – Велес, патничко возило „фолксваген поло“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(57) од Велес излеталo од коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била констатирана смрт, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршиле увидна екипа од СВР Велес и Јавен обвинител, по чија наредба телото на почнатиот е предадено на обдукција.