Почина венценосецот од 1992, унгарскиот поет Ференц Јухас

На 2 декември почина големиот унгарски поет и добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1992 година, Ференц Јухас.
Струшките вечери на поезијата го искажуваат својот длабок поклон пред човекот и поетот кој имаше толкава верба во поезијата, во моќта на зборовите да го преобразат човештвото.
Ференц Јухас е роден во Биа, тогаш село на 25 километри од Будимпешта, на 16 август во 1928 година. Студирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Будимпешта на одделот на унгарско-санкритска литература. Тој бил уредник на неколку литературни весници.
За своето обемно и значајно творештво е наградуван со врвните национални и интернационални награди и медали: 1949 наградата „Баумгартер“, 1950 – наградата „Атила Јожеф“, 1951 – Сребрената наградата „Кошут“, 1967 – специјална награда на Струшките вечери на поезијата, 1971 – „Големата награда на Миклош Радноти“, 1973 – Златната наградата „Кошут“, 1998 – Големата награда на Унгарскиот фонд за уметност, 1992 – Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, 1994 – Среден крст со ѕвездите на орденот на заслуги од Унгарската Република, 2001 – Наградата „Хазам“, 2003 – Среден крст со ѕвездите на орденот на заслуги од Унгарската Република, 2004 – Наградата „Прима“, 2004 Наградата „Танксикс“, 2007 – Унгарската награда за наследство, 2008 – Почесен граѓанин на Будимпешта.
Тој е еден од основачките на Друштвото на писателите на Унгарија, на Шчечењиовата академија литература и уметност и на Дигиталната книжевна академија.
На унгарски јазик објавил повеќе од педесет книги. Првата поетска збирка „Крилатиот пастув“ ја објавил во 1949, а потоа „Татко ми“ (1950) и „Расипничка држава“ (1954). Неговите први десетина поетски книги во периодот (1946 до 1970) се издадени во два тома под наслов „Љубовта на вселената“. Потоа бил објавен нов избор во два тома „Момчето што се преобрази во елен“ (1971) и „Порта на тајната“ (1972). Книгата „Златниот меч на спасот“ е објавена во 1973. Други негови дела се: „Мртвиот кос“ (најголем унгарски еп, 1985); „Црниот орелски крал“ (1988); „Враќањето на покојникот“ (1988) и „Подземна лилија“ (1991).
Неговата поезија е преведена на англиски, германски, фински, шведски, италијански, француски, бугарски, хебрејски и на македонски јазик.
Ново на Сител
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
