Почина Весна Крстева новинар во националното радио Канал 77
Почина Весна Крстева, главен уредник на Канал 77. Нејзините колеги од националното радио Канал 77 напишаа имаше само 57 години, 28 години плодна радиска кариера, која траеше се до петокот, 15 септември, кога, и самата не знаејќи, се одјави со своите последни вести на националното радио. На уредничкото место беше 13 години.
-Ова се голи факти за Весна, но секој кој ја познаваше лично, знаеше дека беше најпозитивниот човек, насмеана дури и во најтешките моменти. И ова не е фраза. Избираше да го гледа доброто кај луѓето, така и живееше. Свртена кон своите професионални обврски и желбата за што подобра иднина на семејството, кон своите две деца, кои пораснаа во прекрасни личности, пишуваат колегите од Канал 77.
Новинарството е професија во која Весна целосно ја предаде својата личност и преку проектот кој и ја даде целата новинарска слава со циклусот емисии „Судбо, моја судбино“. Преку оваа емисија откри многу мали-големи луѓе, зборуваше за животот и нивната судбина, животниот пат. Беше вљубеник во литературата, извонредно ги паметеше настаните и луѓето и често се шегуваше дека во пензионерските денови ќе се посвети на славните жители на штипско Ново Село, каде живееше. Весна Крстева беше дел од штипскиот и македонскиот новинарски еснаф. Колегите ќе ја паметат по позитивната енергија, професионалноста да се постави вистинското новинарско прашање, но и да помогне на младите колеги.
Од редакцијата на Канал 77 за Весна Крстева велат Весна знаеше да каже „Ај па ти, има и потешко“, да одмавне со рака и да сврти нов лист. Да даде нова енергија и оптимизам и така до последниот ден. Весна Крстева, патувај меѓу ангелите! Погребот е утре 27 септември, во капелата од 12 до 13 часот на Градските гробишта, по што ќе се одржи комеморација во радиото Канал 77 во Штип.
Ново на Сител
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
-

МНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немири
-

За една недела констатирани 4910 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4.691
-

Осум возила учествувале во сообраќајка на автопатот Штип-Скопје
-

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
