Џет-Сет
11. April 2016 - 12:05

Почина Вил Смит, Ким Кардашијан завиена во црно

Популарната старлета Ким Кардашијан моментално доживува тешки моменти.

Имено почина нејзиниот добар пријател, Вил Смит.

Тој беше сопруг на нејзината добра пријателка и професионален рагби играч.

Ким Кардашијан со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од својот пријател:

-Срцето ми е скршено поради мојот драг пријател. Многу сум ожалостена поради оваа загува. Вил, беше ангел на своето семејство и ќе бидеш и натаму. Господ да те благослови. Се молам за неа и нејзиното семејство. Господ нека ги опсипе со љубов неа и нејзините деца во овој трагичен момент, напиша Ким покрај фотографијата на која е со другарката чиј сопруг почина.