Почина земјоделец чистејќи косачка

Педесетгодишниот Т.Р. од светиниколското село Амзибегово се здобил со тешки телесни повреди во пределот на главата, чистејќи во својот двор земјоделска косачка, по што починал.
Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 14 часот во дворот на куќата на Т.Р. Додека ја чистел земјоделската косачка, која била приклучена на трактор и подигната од земја, во еден момент таа го потиснала Т.Р., кој бил легнат на земја, во пределот на главата.
Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом Свети Николе, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Клиничката болница Штип каде починал.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Свети Николе. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на фамилијата за погреб.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
