-->
-->
Почит за борците во Прилеп за Денот на независноста
-->
По повод Денот на независноста - 8 -Ми Септември, делегации на локалната самоуправа на Прилеп, на Сојузот на борците, на политички партии и граѓани им оддадоа почит на заслужните борци и дејци. Положија цвеќиња пред споменикот Карпалак во центарот на градот, спомениците на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, на идеологот на НОБ Кузман Јосифоски Питу, пред спомениците на Ѓорче Петров и Пере Тошев и на Могилата на непобедените во Паркот на Револуцијата каде се моштите на 650-те борци кои Прилеп ги дал во Народната револуција.
Според претседателот на прилепските борци Круме Соколоски, Прилеп низ историјата докажал со своите борци и дејци дека е град херој и секогаш е во првите редови во создавањето и очувувањето на независноста на Македонија.
- Нашата историја покажува симболика и континуитет во борбата на македонскиот народ за своја државност и независност.Сите борци и дејци од поранешните востанија, преку НОБ и браниотелите заслужуваат почит, а градот Прилеп не случајно го носи епитетот херојски. Асномска Македонија претставува симбол на независноста и државноста, а референдумот пред 25 години го потврди тоа, рече Соколоски.
За градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп секогаш било на браникот на татковината, а сите борци и дејци ни оставиле аманет.
- Им оддаваме почит на сите прилепски борци и дејци кои се вградија себе си во темелиоте на самостојна и независна Македонија. Ние имаме обврска да ја чуваме и да ја градиме државата и од тоа нема отстапување. Треба да упатиме и порака до светот да не дозволиме поединци и групи да си играат со постулатите на државата што ги поставиле претходните генерации, рече Ристески.
Според пратеникот Ана Лашкоска, сега е вистинскиот момент да се присетиме на борбата на нашите предци.
- Во ове тешки времиња на политичка криза искрено се надевам дека ќе победи разумот, рече Лашкоска.
За претсеателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески овој 25 годишен јубилеј на независноста треба да биде аманет за иднината.
Ова нека бие аманетот да ја градиме државата, да биде економски просперитетна, рече Ристески.
Според Сашо Велески претседател на ОО на СДСМ во 25 години Македонија ја следеа многу предизвици, а сега сме исправени пред нови.
- Не очекуваат избори и нашата генерација мора да им се оддолжи на предците и Македонија да чекори по патот на прогресот. Наша задача е не само да ја задржиме државата која е во кризна ситуација. Ветуваме дека ќе одржиме избори како шпто треба и конечно државата да застане на здрави нозе, рече Велески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сообраќајот по влажни коловози и кашест снег, забрана за камиони на неколку патни правци
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија