Почна аплицирањето за спортски стипендии во Крива Паланка
Од денеска до 5 октомври е отворен повикот за аплицирање за првите спортски стипендии што општина Крива Паланка ќе ги додели на осум спортисти од градот кои тренираат и се натпреваруваат во спортските клубови од општината.
Спортските стипендии ќе се доделат првпат, за учебната 2018/19 година, а се наменети за четворица основци и четворица средношколци. Согласно претходно објавениот конкурс, право на учество имаат ученици, основци и средношколци од основните училишта на подрачјето на Крива Паланка и средните училишта од земјава.
Услови за конкурирање се: кандидатите да се жители на Крива Паланка, да се ученици во основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од Република Македонија, да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски или училишни клубови регистрирани на подрачјето на општина Крива Паланка и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија, да имаат високи спортски постигнувања во претходната 2017 година и во 2018 година, се до завршување на јавниот повик.
Одбраните осум стипендисти ќе добиваат стипендија во износ од 3.000 денари, девет месеци во учебната 2018/2019 година, а стипендии ќе добијат најмногу по двајца спортисти од еден спорт.
Апликантите треба да ги исполнуваат целите и критериумите доставени во прилог на јавниот повик што е објавен на официјалната веб страница на општина Крива Паланка, а пријавувањето се врши со доставување пополнета посебна пријава достапна во архивата на општина Крива Паланка и на официјалната веб страница на Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk, со придружни документи пропишани со правилата.
Во постапката за распоредување на буџетските средства за стипендирање на спортисти во учебната 2018/2019 година ќе влезат во изборот оние апликанти кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 50 од можни вкупно 100 бодови.
Рокот за поднесување пријави и документи е најдоцна до 5 октомври 2018 година, а истите треба да се достават директно во архивата на општина Крива Паланка најдоцна до 15 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака: „Јавен повик за доделување стипендии на спортисти – ученици во основните училишта на подрачјето на општина крива паланка и средните училишта од Република Македонија“.
Дополнителни информации може да се добијат во општината.
Ново на Сител
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО