Почна депопулизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради африканската чума
Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради болеста африканска чума. Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројата да се дуплира.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска во Штип нагласи дека Агенцијата постапува во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на африканската чума кај свињите.
Тој посочи дека во изминатиот период се донесени повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.
– Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки. Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес. Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.
Тој потенцираше дека вирусот е отпорен, но дека болеста не влијае на здравјето на граѓаните.
– Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?