Почна доставувањето решенија за данок на имот и за фирмарина за 2021 година
Градските власти информираат дека во тек е доставувањето решенија за данок на имот и комунална такса – фирмарина за тековната 2021 година.
-Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатата 2020 година ќе добијат опомена за неплатен долг, стои во соопштението од Град Скопје.
Даночните и таксените обврзници кои нема да добијат решенија за данок на имот и комунална такса–фирмарина или доколку забележат одредени неправилности, можат да се јават на службените телефонски броеви на Град Скопје секој работен ден од 9 до 16 часот. За данок на имот: 072/916-482, 072/204-434 и 02 3297-316. За комунална такса-фирмарина: 072/255-849 и 070/248-614.
Граѓаните по добивањето на решенијата можат сите забелешки и неправилности да ги пријават на сајтот на Град Скопје е-даноци (https://danoci.skopje.gov.mk/
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
