-->
-->
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-->

Граѓанската група Алтернатива, организатор на бојкотот за купување во Црна Гора, ги повика граѓаните денеска и утре да не одат во големите супермаркети, за да ги принудат нивните сопственици да ги намалат цените.
-Ги повикуваме сите граѓани на Црна Гора да не купуваат ништо во мегамаркетите на 7 и 8 февруари. Ако мора да набавите основни намирници, купете ги на мали, локални пазари.
Да ги поддржиме оние кои се со нас, а не оние кои не ограбуваат! Ова е гласот на народот, напишаа на Фејсбук.
Најавија дека в понеделник ќе донесат одлука кој трговски синџир ќе го бојкотираат седум дена.
-Одлуката ќе ја донесат граѓаните преку анкета, стои во објавата на Алтернативата на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
