Почна евакуацијата на илјадници луѓе од неколку сириски локации по спогодбата меѓу Владата и бунтовниците

Во Сирија почна масовно преселување на шиитско население од две сириски насели места во замена за евакуација на сунитските бунтовници и цивили од други две населени места, согласно спогодбата склучена меѓу Владата на Башар ал Асад и бунтовниците.
Сирискиот центар за монтиринг на човековите права, со седиште во Лондон соопшти дека изутринава автобуси, кои превезуваат цивили го напуштиле шиитските села Ал Фуа и Кефраја во северозападната провинција Идлиб, кои подолг временски период се под опсада од бунтовниците.
Автобуси, кои превезуваат сунитски бунтовници и нивните семејства се повлекле истовремено од населеното место Мадаја во близина на Дамаск, кое е опколено од силите на сириската Влада и нивните сојузници.
Центарот прецизира дека предвидената евакуација од Забадани, исто така опколено од владините сили, е одложена и се очекува да почне вечерва или утре.
Владата на Асад постигна неколку спогодби со опозицијата изминатата година, овозможувајќи им на бунтовниците и нивните семејства да ги напуштат регионите, кои се под опсада на владините сили.
Опозицијата смета дека со тие спогодби всушност се вршат насилни иселувања и намерни демографски промени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
