Почна гласањето за Европските бизнис награди 2016/2017
Почна гласањето за избор на национален јавен победник при годинашните Европски бизнис награди 2016/2017 за Македонија, како и за уште 33 други држави учеснички во овој избор.
ИТ компанијата Брансис, како една од компаниите кои беа избрани од комисијата при Европските бизнис награди за национален победник, продолжи во трката за избор на национален победник на Македонија, избран од гласачите. Брансис, поддржана од Smartportal, кој се погрижи за снимање на видеото, повикува на поддршка за гласање од публиката во следните седум недели.
Бранко Трајковски, основач на Брансис изјави дека им претставува чест што се номинирани како национален победик на Европските бизнис награди за Македонија.
- Нашето видео е отворено за гласање за избор на национален победник за Македонија, избран од гласачите, се до 1 март. Секој Ваш глас ни значи многу, и нѐ прави горди што сме дел од успешните приказни од Македонија, со признание на европско ниво, поддржани од јавноста, рече Трајковски.
Гласањето за Брансис е на линкот: http://www.
На јавното гласање учествуваат повеќе од 350 национални победници избрани од комисијата, натпреварувајќи се меѓусебно од вкупно 34 држави од Европа. По седумнеделното гласање, компаниите со најмногу гласови од секоја држава ќе бидат прогласени за Национален јавен победник (National Public Champion) на 6 март 2017. По изборот на овие 34 победници, ќе почне вториот круг на гласање, од 6 март до 27 април за избор на Европски јавен победник (European Public Champion).
Минатата година јавното гласање на Европските бизнис награди донело повеќе од 227.000 гласови од целиот свет. Наградите се основани за да го поддржат развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница во Европа и пошироко. Оваа година учестуваа повеќе од 33.000 бизниси од 34 држави.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп