-->
-->
Почна исплатата на тутунот
-->
Три откупни компании ја почнаа исплатата на тутунот, информира Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.
- Почна исплатата на првите откупени количества минатата недела. Откупувачите се придржуваат на договореното да исплаќаат во рок од седум дена од преземањето на родот од кооперантите-тутунари, вели претседателот на Сојузот Данчо Милески.
Како што потврдува филијалата на Тутунска банка во Прилеп, исплаќаат три откупни компании: Сокотаб од Битола, Прилепскиот тутунски комбинат и Алијанса од Кавадарци.
Сите девет откупни претпријатија ги отворија пунктовите за откупот на тутунот од годинашнава реколта. - Тутун се откупува на 152 откупни пунка, односно на 186 ваги во земјава и откупуваат сите девет претпријатија. Досега просечната цена е 178 денари за килограм, истакнува Милески.
Реколтата иако помала, околу 23.000 тони, е со висок квалитет. Сојузот на тутунските здруженија смета дека цената треба да биде уште повисока, а забелешки имаат на пунктовите на прилепскиот тутунски комбинат.
- Во комбинатот не се проценува според квалитетот на тутунот. Имаме доста спорни бали тутун и со тоа се запознати во Министерството за земјоделство и во Инспекторатот, објаснува Милески.
Инспекторатот е на терен и ќе ги проверува сите спорни количества тутун за кои тутунарите не се задоволни со процената.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари