Почна Меморијалниот марш во чест на претседателот Борис Трајковски
Петнаесетина планинари од Струмица и Радовиш го почнаа Меморијалниот марш од Струмица до Скопје во чест на претседателот Борис Трајковски.
По 12. пат ПАОК „Ентузијаст“ го организира маршот долг 202 километри кој ќе заврши в недела на 26 февруари на градските гробишта Бутел, каде што ќе се одржи чествувањето на гробот на Трајковски.
- Ова е првиот дел од Меморијалниот марш. Очекуваме учество на планинари од различни градови во една од четирите фази на 202 километарската траса. Според нашите очекувања, 15 планинари ќе ги поминат сите километри. Во текот на маршот имаме обезбедено возило со храна и друга опрема за да ни помогне во текот на планинарењето, вели Коло Ристов од ПАОК „Ентузијаст“.
Вториот дел од одбележувањето во чест на претседателот Борис Трајковски ќе се одржи со дводневниот марш на планината Беласица во должина од 35 километри до врвот „Борис Трајковски- Ботра“ со височина од 1.880 метри.
- Во овој втор марш очекуваме учество на 80 планинари од Струмица, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Скопје, како и гостите од Бугарија од градовите Петрич, Сандански и Софија. И годинава, ќе му оддадеме почит на Трајковски на врвот кој го носи името во негова чест. Имаме обезбедено храна за учесниците, појасни Ристов.
Ново на Сител
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска
-
Николоски: Имаме јасна цел извозот во Велика Британија да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од три милијарди евра
-
Утре без вода дел од скопските општини Гази Баба и Карпош
-
Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул
-
Тошковски: Бонус плата за 6.241 лица вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024
-
Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД