Почна монтирањето на системот за наводнување на градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани

Специјализираната екипа за монтирање на системот за наводнување на градскиот стадион „Никола Мантов“, денеска почна со работа на спортскиот објект во Кочани. Во првата фаза ќе се работи на монтирање на опремата за автоматизирано наводнување на теренот, што ќе значи меѓусебно поврзување на пумпните места и поставување на водени топови со чија помош автоматски ќе се наводнува зелената површина кога за тоа ќе има потреба.
- Деновиве се очекува Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ да започне со ископ на рововите за поставување на кружниот систем кој ќе ја користи водата од сопствената бушотина, што значи трајно избегнување на трошоците за потрошена вода од градскиот водоснабдителен систем. Веднаш потоа ќе се премине на обработка на површинскиот слој на теренот со што значително ќе се подобри квалитетот на тревната површина и ќе се елиминираат постоечките деформитети. Предвидени се и други содржини во насока на опремување на стадионот до ниво за одигрување меѓународни натпревари, изјави Владо Андов, претседател на Третата фудбалска лига.
нагласи дека ќе се води сметка да нема прекин во одигрувањето на натпреварите во Трета фудбалска лига Исток во која игра Осогово, и првата лига за жени каде член е ЖФК „Кочани“’, се со цел да не се влијае на нивните спортски амбиции.
Ново на Сител
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
