Македонија
19. December 2020 - 12:30

Почна Мото-протестот против пресудата за сообраќајката кај Млечен

Почна протестот на моторџиите против пресудата за сообраќајката кај Млечен во која пред две години животот го загуби Гоце Димитриевски, а со тешко повредена беше неговата сопруга Наташа, која го загуби и нероденото бебе.

Мото Протестот е знак на незадоволство со пресудата во која Васил Чорбаџиев доби условна казна иако во моментот на несреќата преминал преку две полни ленти и удрил во моторот на Димитриевски.

-Со мото протестот, ние, мото клубовите и поединци од Македонија, сакаме да ја предупредиме јавноста и институциите дека владее недозволива неказнивост на сторители на тешки кривични дела кои завршуваат со смрт во сообраќајни несреќи каде инволвирани се мотоциклисти. Сообраќајните незгоди можат да му се случат на секого, вклучувајќи не и нас мотоциклистите, но секој треба да одговара за своите постапки. Во изминатите години сме сведоци на многу случаи во кои мотоциклисти гинат на патиштата низ Македонија, а одговорните лица не ја добиваат заслужената казна, велат моторџиите.

 

 

Мирјана Јовеска