Почна пописот во Албанија, Бугарија активно лобира во областите со Македонци
Претставниците на Македонците во Албанија ги повикуваат своите сонародници да се изјаснат за она што се и никако поинаку. Апелираат до Македонците да одговорат на сите прашања на пописот, и на оние за етничката и религиска припадност, како и за јазикот иако за овие три прашања во формуларот одговорот не е задолжителен за да го одбранат својот идентитет, но и да бидат релевантен факор во албанската држава.
На теренот, во местата каде живее македонско население, се води агресивна бугарска асимилаторска кампања, велат од единствената македонска партија во Албанија, а адут се бугарските пасоши. Најактивна е бугарската амбасада која ги убедува Македонците да се изјаснат како Бугари.
Во 2017 година, под притисок на Софија, Тирана го призна бугарското малцинство, иако статистиката покажува дека тоа практично не постои. Во пресрет на најновиот попис во посета на најмакедонските села во Албанија беше дури и бугарската потпретседателка Јотова за да отвори бугарско училиште.
Пописот во Албанија ќе трае 6 недели и ќе чини 16,9 милиони евра.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар