Македонија
30. August 2021 - 16:14

Почна постапката за изведба на новата управна зграда на Општина Аеродром

Општина Ааеродром денеска соопштија дека е почната постапката за изведба на новата управна зграда на Општината, за што е објавена јавна набавка за изработка на основен проект и нејзина изградба.

– На претходно објавениот јавен конкурс на кој пристигнаа 22 идејни решенија, беше избрано решението на авторите Нина Карангелеска-Тодоровска, Марта Илиевска, Марија Треневска и Марија Грчева. Комисијата која ги оценуваше пријавените идејни решенија беше составена од проф. д-р Страхиња Трпески, членовите Дејан Чадиќ и Зоран Пауноски, информираа од Општина Аеродром.

Општина Аеродром по 16 години постоење, конечно ќе добие своја зграда. Тоа е, како што посочија од Општината, од исклучително значење затоа што со нејзината изградба веќе нема да се плаќа висок месечен наем, а исто така и аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги.

– Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните, истакнаа од Општината.

Целта е, наведоа од Општина Аеродром, зградата да биде нова препознатлива точка отворена за сите и да претставува нов дом на сите аеродромци.