Почна повтореното судење за „Триста“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска одново почна судењето за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.
На денешното рочиште беа изнесени воведни зборови од СЈО, а обвинетиот Поповски остана на ставот дека не е виновен за делото за кое се товари.
Во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.
Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност при спроведување на тендерската постапка и изборот на најповолна понуда при набавката на 300 возила за потребите на министерството.
Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
