Почна седницата за пакетот закони од договорот од Пржино

Собранието во рамки на 75. седница попладнево ја констатираше потребата за носење на пакетот закони кои произлегуваат од договорот од Пржино и последната лидерска средба во Клубот на пратениците.
Законите се носат по скратена постапка и за да бидат денеска донесени веднаш по седницата ќе заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Седницата ќе продолжи во 19 часот.
Станува збор за Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-закон за заштита на приватноста, Предлог-закон за заштита на укажувачи и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада.
На дневен ред е и Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, поднесена од група пратеници.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека барањето за носење на законите по скратена постапка е врз база на усогласеноста меѓу четирите политички партии во Парламентот, на долгата дебата и потребата законите да бидат донесени денеска заради остварување повисоки државни интереси и цели.
Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ, побара Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот на Влада да биде прва точка на дневниот ред за да се овозможи веднаш потоа премиерот до Собранието да ги достави предлозите за нови министри и заменици министри.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски објасни дека без разлика која точка на дневниот ред е законот, сите денеска предложени предлог-текстови ќе бидат гласани во пакет.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
