Почна снимањето на краткиот филм „Исклучиво жолти лалиња“

Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Исклучиво жолти лалиња“ во режија на Кузман Кузмановски, а според сценарио на Ева Камчевска. Филмот ќе се снима до 6 април на неколку локации во Скопје и околината.
Според својот жанр, филмот спаѓа во еден од поретко застапените жанрови во Македонија - комедија. Во него се раскажува за Гиго, 35-годишен писател кој живее самотнички живот како интровертен и срамежлив човек. Откако добива покана за кафе од својата женска пријателка, се исполнува со надеж дека повеќе нема да биде сам. Однекаде начул дека оваа жена сака жолти лалиња и, во обид да остави добар впечаток, одлучува да најде жолти лалиња, без оглед на се.
Актерската екипа ја сочинуваат Тони Михајловски, Горан Трифуновски, Александра Павлова, Снежана Киселички и Кети Илиевска.
Директор на фотографија е Кирил Шентевски, сценограф Дејан Гошевски, шминката е на Игор Петрески, а продуценти се Калина Кузмановска и Кузман Кузмановски.
Зад реализацијата на овој филм стои продукцијата Аурипигмент. Филмот е со финансиска поддршка од Агенција за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
