Почна вонредната седница на Генералното собрание на ОН за Ерусалим
Во Њујорк почна вонредната седница на Генералното собрание на ОН, посветена на американската одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел, која се одржува по барање на некои арапски земји и држави со главно муслиманско население.
На седницата повторно ќе се гласа за предлог-резолуцијата на ОН за повлекување на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп.
САД во понеделникот ставија вето на таквата резолуција, а денешното гласање нема да биде обврзувачко, но сепак ќе има политичка тежина.
Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли изјави дека добила наредба од Трамп да следи кои држави ќе гласаат против САД, предупредувајќи дека ќе „ги запишува имињата“.
Трамп вчера истакна дека САД ќе ја укинат финансиската помош за земјите кои гласале за резолуцијата на ОН.
Ново на Сител
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство