Почна жетвата во Кривопаленчко
Жетвата на житни култури во Кривопаланечкито регион и на подрачјето на општина Ранковце започна, а веќе се прават и првичните пресметки за приносите, според прегледот на засеани, ожнеани површини и остварено производство по земјоделски култури во кривопаланечкиот регион за 2017 година.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Крива Паланка истакнаа дека за една недела од почетокот на активностите, околу дваесет отсто од засеаните површини се ожнеани.
Најголема површина е засеана со јачмен 1060 хектари, а досега се ожнеани 190 хектари, од кои 140 индивидуални земјоделски површини и 50 хектари од земјоделски претпријатија. Од вкупно ожнеаната површина остварен е принос од 503 тони јачмен или 2.600 килограми просечен принос по хектар.
Од вкупно засеани 860 хектари со пченица, ожнеани се 170, со остварени приноси од 366 тони, или во просек по 2.100 килограми по хектар, просечен принос.
Околу дваесет отсто е завршена жетвата и на останатите житни култури, р’ж, овес и тритикале, а од нив најголем остварен просечен принос по хектар е забележан кај тритикале, 3000 килограми, што како што истакнаа одговорните од ПЕ на МЗШВ, се должи на тоа што станува збор за хибридна житарица добиена со вкрстување, а истата се користи како добиточна храна.
На подрачјето на Крива Паланка и Ранковце во тек е жетва на сите житни култури засеани со есенската сеидба во 2016 како и со пролетната сеидба до 2017 година, со кои бше засеана вкупна површина од 2.170 хектари.
Ново на Сител
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово
-
Чибишев нов директор на Токсикологија, Меџити на Неврологија, утре нов директор ќе има и Онкологија