Почнаа градежни активности на штипската обиколница

Интензивно се гради втората фаза од обиколницата на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, што ќе овозможи поврзување на индустриските зони со населбите „Автокоманда“, „ 8 Ноември“, „Баби“, „Дузлак“ и „Сењак“. На овој дел од обиколницата ќе се гради и новиот кружен тек, што ќе го забави сообраќајот за поголема безбедност на учениците, студентите и работниците во околните фабрики. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека втората фаза од обиколницата чини 10.500.000 денари, а се протега од булеварот „Гоце Делчев“ до фабриката за чевли „Баргала“.
-Можам да кажам дека оваа траса веќе е пробиена, оваа улица е веќе споена со улицата од првата фаза и во наредните десет дена ќе почне и оформување на кружниот тек на оваа крстосница. Очекувам веќе за 30 дена да имаме и асфалтирање на крстосницата и на оваа пристапна улица, со што овој проект веќе ќе го привршиме, вели Бочварски.
Тој истакна дека првата фаза од обиколница, што почнува од стариот диспанзер и се протега до „Баргала“, не е комплетно завршена. Фирмата „Актива“, што треба да го постави новиот мост на реката Брегалница се уште работи на изработка на железниот мост, а на улицата треба да се постави и уште еден слој асфалт.
-Најавите од фирмата „Актива “ се дека мостот е со 70 отсо прогрес, направен во нивната фабрика. Носачите се завршуваат, а важно е дека по изработката на елементите од тој мост ќе излезат на терен и ќе почне монтажата, вели Бочварски.
Новата обиколница со првата и втората фаза чини милион евра, а ќе има за цел да се реши сообраќајниот хаос на влезот и излезот од Штип, односно на булеварот „Гоце Делчев“, што е главната сообраќајна артерија кон индустриските зони, факултетите и средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Бочварски очекува градежните активности на двете фази да завршат максимум за два месеца. Обиколницата треба да има и трета фаза, што треба да поминува низ наеслбата „Пребег“ и ќе завршува кај бањата „Кежовица“, но на неа годинава ќе се работи на техничка документација, што ќе биде вклопена и во новиот Генерален урбанистички план.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик
-

Скопјанец обљубил малолетничка и го снимал сексуалниот чин, па се обидел повторно
-

Приведен 15-годишник од Велес, украл возило и со него удрил во бетонски ѕид
-

Нов состав на Универзитетскиот сенат на УКИМ, за претседател со една година мандат е избран проф. Владо Бучковски
-

Украина нападна трафостаници во Крим, полуостровот остана без електрична енергија
-

Пронајдени 116 грама хашиш, лишено од слобода едно лице
-

Победници во двојки на Macedonian Open 2026 се Марковски и Србљак
-

СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале
