Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби

Во Абу Даби денеска почнаа преговорите меѓу Украина и Русија под покровителство на Соединетите Американски Држави, соопшти Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.
-Преговорите започнаа денеска во Абу Даби и, според распоредот, треба да траат два дена, во рамки на континуираните напори за поттикнување дијалог и изнаоѓање политички решенија за кризата – се наведува во соопштението на Министерството.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трилатералните мировни преговори за Украина ќе се фокусираат главно на територијални прашања, при што клучно останува прашањето за Донбас.
-Разговаравме кои се главните линии по кои ќе се движат преговорите, темите и посакуваниот исход – рече Зеленски, цитиран од „Укринформ“.
Тој додаде дека членовите на украинската делегација веќе го земале предвид фактот дека форматите на преговорите може да бидат различни.
-Делегацијата ќе носи одлуки директно на терен и ќе реагира во зависност од тоа како ќе се развива дијалогот, бидејќи овој формат се користи за првпат по подолг период – изјави украинскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
