Почнува 3. Недела на современ израелски филм
Од денеска до 19 декември по трет пат ќе се одржи Недела на современиот израелски филм во чии рамки ќе бидат прикажани три играни филма, два документарца и две епизоди од телевизиска играна серија.
Отворањето ќе биде вечер во кино „Милениум“ со прикажување на играниот филм „Свадбена кукла“ од 2015 година на режисерот Ницан Гилади. Од утре до 19 декември проекциите ќе бидат во Кинотеката на Македонија.
- Веќе трета година заедно ја одбележуваме Неделата на современиот израелски филм во Македонија. Израелскиот филм е извонредна можност за одблиску да не запознаете нас, Израелците. Тој е прозорец кон израелското општество, кон се што не вознемирува, што ни е блиску до срцата, што не прави среќни, кон нашите стравувања и копнежи - сето тоа прикажано низ откршоци од нашата израелска сказна, истакнува израелскиот амбасадор во Македонија Дан Оријан.
Неделата ја организираат амбасадорот Оријан, Еврејската заедница во Република Македонија и Кинотеката на Македонија во соработка со Град Скопје, Младинскиот културен центар и АТГ.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина