Почнува „Авицена женската трка“

Околу 1.500 натпреварувачки се пријавени на „Авицена женската трка“, која ќе се одржи денеска во Градски парк. Трката почнува од Школка во 10 часот со аеробик загревање, а во 10:30 стартува натпреварот. Традиционално натпреварувачки ќе трчаат на патеката долга два километри.
Организатори на трката се Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје. „Авицена женската трка“ е дел од промотивните трки на „Виз Ер Скопски Маратон 2017“ и е влезена во календарот на Европската атлетска асоцијација.
Еден месец подоцна на програмата е „Виз Ер Скопскиot Маратон“, кој ќе се одржи на 9 мај и веќе се имаат пријавено илјадници тркачи од голем број земји низ светот.
- Пријавувањето за годишното издание го отворивме уште во октомври минатата година и ќе биде отворено до 30 април. Сите заинтересирани ќе можат да се пријават онлајн. До овој момент имаме примено преку 5.000 пријави од 43 земји од целиот свет, 400 од нив странци, што претставува зголемување за 20 отсто од истиот период минатата година, со што можеме да кажеме дека најверојатно ќе имаме рекорден број на учесници. Овој настан привлекува големо внимание кај домашната и странската популација и станува препознатлив спортско–туристички бренд во Македонија и пошироко, информира директорот на Скопски маратон Кире Синадиновски.
И оваа година на програмата се четири трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трката од пет километри.
Главниот спонзор „Виз Ер“ и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер од 20 евра за купување авионски билети преку нивната официјална страница. Овие ваучери по успешна регистрација се праќаат на е-мејл адреса, која учесникот ја остава при процесот на регистрација.
Оваа година е најавено партнерство со „Парк Хотел и Спа“ кои ќе се погрижат натпреварувачките за „Авицена Женска трка“ да добијат подарок од „Фитнес и Спа“ и ексклузивно место каде ќе се сместат елитните тркачи за „Виз Ер Скопскиот маратон“.
Ново на Сител
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
