Почнува фестивалот „Битола отворен град 2017“

Сараевскиот рок бенд „Забрањено пушење“ и македонскиот реге состав „Conquering Lion“ ќе настапат на фестивалот „Битола отворен град 2017“, кој од денеска до 30 јуни ќе се одржува во Битола, во организација на Младинскиот културен центар-Битола.
Публиката ќе го проследи настапот на двете групи под отворено небо на Широк сокак утре со почеток во 21 часот во рамки на главниот музички хепенинг на фестивалот.
„Забрањено пушење“ премиерно доаѓаат во Битола, а бендот во моментов се подготвува за настап на најголемиот регионален фестивал, новосадскиот „Егзит“ на 8 јули.
Македонскиот реге бенд „Conquering Lion“ годинава одбележува една деценија постоење на музичката сцена, а во Битола ќе го претстават нивниот најнов студиски албум „Land of confusion“.
Дел од фестивалот „Битола отворен град 2017“ е и јавната дискусија „Како до квалитетна публика?“, која ќе се одржи вечер во 19 часот во МКЦ. На 29 јуни кај Саат кулата во Битола во 18 часот ќе се одржи работилница за модна илустрација, а во 21.30 часот пред кафе барот „Инстинкт“ ќе се одржи моден перформанс проследен со електронска музика. Програмата на овој ден е авторство на мултимедијалната артистка, модна дизајнерка и продуцентка Мелани Дигит. На 30 јуни кај Саат кулата во Битола во 22 часот ќе настапат прогресив/кор метал бендот „Spectrum“ и „Gargoyles“.
Сите настани на фестивалот „Битола отворен град 2017“ се отворени и бесплатни.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
