Почнува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“
Со изложбата „ФКТ низ објективот на Сречко Гунчев“ и со претставата на Националниот театар на Косово „Коските што доцна доаѓаат“ од Теки Дервиш, а во режија на Мартин Кочовски, вечер во Струмица почнува 25. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
Во петте фестивалски дена, публиката ќе може да види десетина театарски претстави чии актери ќе се натпреваруваат за единствената награда што го носи името на доајенот на македонското глумиште Ристо Шишков.
На сцената на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе настапат актери од Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина.
Првата фестивалска вечер ќе настапат и студентите од класата на професорот Мето Јовановски и асистентот доцент Магдалена Ризова-Черних, помлад асистент Александра Огненовска на факултетот ЕСРА со претставата „Животот е магичен круг и од тоа нема бегање“ во режија на Мето Јовановски.
Утре ќе настапат НУЦК „Антон Панов“ Струмица со претставата „Џон Габриел Боркман“ на Хенрик Ибзен во режија на Горан Тренчовски, Драмскиот куклен театар „Враца“ од Бугарија со „Нора“ на Хенрих Ибзен во режија на Ник Упер и Мал драмски театар Битола „ЗОО приказна“ на Едвард Олби во режија на Здравко Стојмиров.
В недела, на 10 септември, театарската публика може да ги види претставите „Првин ќе ме земеш после ќе ме...“ на Театар КРИК од Скопје во режија на Ѓорги Ризески, „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на Театар Артропија во режија на Билјана Радиновска, а во офф програма ќе настапи и Македонската опера и балет со балетската претстава „ЛА, ЛА, ЛА“ по кореографија на Саша Евтимова.
Претпоследниот ден ќе играат Театарот ГАРИВО од Босна и Херцеговина со претставата „Добри луѓе во зло време“ во режија на Градимир Гојер, Театарот Звездара од Србија со претставата „Солзите се ОК“ на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ и Театар Крагуевац со „Пак плаче, но сега од среќа“ на Новица Савиќ во режија на Драган Јаковљевиќ.
Фестивалот ќе го затворат студентите на Факултетот од Универзитетот „Неофит Рилски“ од Благоевград, Бугарија.
Во рамки на 25-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“ секојдневно ќе се одржуваат театарски разговори, а ќе биде промовирана и книгата „Глумецот....е глумец...е глумец“ на минатогодишниот лауреат Зијах Соколовиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален