Почнува големата трка со времето: Министерот открива како ќе се извлекуваат децата - прогнозата е грозна, не чека пекол!

Иако завладеа голема радост откако групата млади фудбалери беа пронајдени во пештара длабока 10 метри на Тајланд, сето тоа брзо ја засени грижата како децата и нивниот тренер ќе се извлечат на површина.
Тие се наоѓаат длабоко во поплавената пештера, и веќе 10 дена седат на „плажа“ и чекаат помош. И кога конечно стигна, следуваа бројни прашања и проблеми.
Никое од децата не знае да плива, така што пропадна првобитниот план децата да се научат да нуркаат. Имало и планови да се избуши пештерата или да се спушти нивото на водата, но и тоа е под знак прашање. Исто така ни временската прогноза не им оди во прилог на спасувачите.

На крајот се размислуваше за тоа групата млади фудбалери да останат во пештерата до крајот на дождовната сезона (околу 4 месеци), па потоа да се тргне со нивна евакуација, додека нивното на водата потполно не се спушти. Секако, во меѓувреме, за децата и тренерот би се обезбедиле услови за четири месеци да преживеат во темница. Спасителите сакаат да инсталираат и телефонска линија во пештерата,за да можат заробените деца да се слушнат со своите родители.

Меѓутоа се чини дека и тој план се откажува и сега пак се оди на планот „број 1“ - децата да научат да нуркаат и така да се извлечат на површина. Зошто? Одговорот е многу јасен, прогнозата за времето е катастрофална и тајландските власти во паника се дека водата толку ќе се подигне и може да ја поплави просторијата во која се наоѓаат децата. Значи, почнува големата трка со времето.

-Временската прогноза не е поволна и акцијата за спасување мора да се забрза. Ќе ја употребиме опремата за нуркање, тоа е дефинитивно. Ако нивото на водата се подигне, не чека пекол, многу тешка работа. Мора да ги извлечеме децата на сигурно, рече тајванскиот министер за внатрешни работи Анупонг Паојинда.
Министерот е свесен дека она што следува е многу опасно и ризично.
-Нуркањето не е лесно, посебно ако луѓето не го правеле тоа никогаш. А замислите како тие да нуркаат во пештера со стотици ходници. Едноставно, човек кој сака да помине низ таа пештера мора да знае да користи опрема за нуркање. Ако во било кој момент дојде до проблем со опремата, тоа би можело да биде погубно, рече министерот и потврди дека децата не знаат да пливаат што ја комплицира сета ситуација.
Во меѓувреме спасувачите на Твитер објавија дека бараат 15 маски за нуркање за деца.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
-

Матичен ќе издава боледување до 5 дена, Фондот ќе проверува дали пациентот е дома
-

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба
-

Производителите на пиперки го блокираа патот Прилеп-Битола, велат дека откуп воопшто нема
-

УГД - Летна школа, како до почист воздух, вода и почва
-

ЕУ донираше возила и опрема за Царинската управа
-

Преглед на вестите од светот
