Македонија
5. July 2017 - 10:48

Почнува летниот театарски фестивал „Жапчиња 2017“

Општина Центар во соработка со здружението „Култи-ватор“ и театарот „Арт Вени Види“ и годинава го организира летниот мини театарски фестивал „Жапчиња 2017“.

Фестивалот почнува вечерва во паркот во Капиштец, а посетителите ќе можат да уживаат во приказната и случките на „Убавата принцеза Галена“.

Во рамки на фестивалот во текот на јули и август ќе бидат изведени претставите „Солта е поскапа од златото“, „Верче-Ѕверче“ и „Двете самовили“.